Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Блаже Конески - Закопна песна
Старице збогум!... Ти една мене
цел живот дете ме познáше...
Таговно сега клепало клепа,
носилка трга низ село наше.
Нема да дојдам, не пуштив солза, не ми е жал,
ден за ден така нè скрија дните...
А еднаш од тебе, дете оџарено, пупунче мало,
чув прва сказна за пупунците.
Збогум! Почини в сурова земја...
Не ќе се штрекнеш ноќе од тага,
ни вик ќе чуеш, ниту ќе видиш
крвава рана на синова снага...