Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Во стред Дебарца огон ми горит
(makedonska narodna pesma)
Жените плачат, децата пиштат,
моми се кријат пo планините.
Во стред Дебарца огон ми горит,
славна Дебарца борба се водит -
од една страна партизаните,
од друга страна се фашистите.
Удрите браќа, не боите се,
скоро ќе паднит ѕверот германски,
скоро ќе дојдит нашта слобода,
во нашта мила татковина.
И туѓо царство не ќе постоват
и република ке построиме
во нашта мила татковина.
(Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Слиово, Дебарца.)