Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Среде Азот зелена ливада
(makedonska narodna pesma)
Среде Азот зелена ливада,
у ливада две танки тополи,
под тополи зелена прнара
под прнара млада војска седи,
млада војска, војска македонска.
Среде седи другарот Планински,.
тој им вели, вели ем говори:
„Са ќ’ одиме у нашето село,
наше село, село Ораовдол,
да си видам мојот стари татко,
стари татко, мојта стара мајка,
мила сестра, мојте мили браќа.
Тија ми се сите партизани,
еве веќе време три години
откако се борат за слобода.“
(Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Ораовдол, Велешко.)