Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Блаже Конески - Песната за затворницата
Еден темен вик ме буди,
пак страшниот дошол час.
Тука тишти, души, студи,
а немошна лежам јас.
Пак е ноќна доба кобна –
се кикоти некој в трем,
и со нокти рака гробна
од ѕидишта грепчи нем.
Ој за цутни сништа млади:
да не бидам веќе роб,
и за нова љубов в гради
ме фрливте овде в гроб!
Зошто уште, сенко темна,
во уречен идеш час,
од сон надеж да ми земеш
за слобода и за спас?
Молком гази полноќ злобна,
се засркна некој в трем,
и со нокти рака гробна
од ѕидишта грепчи нем.