Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Песна за Цветан Димов
(makedonska narodna pesma)
Во скопските бездани мачилишта
лежи Цветан, збор не прозборува;
трештат камџијите,
пукат му жилите,
но очите му горат и режат.
Пет дена грозните мачители
коски кршат и живот му цедат.
Малчете, малчете,
потифко зборвете –
ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!
За гозба се спремајат џелатите:
крф ќе пијат на нашиот Цветан...
Беснеј музиката...
Беснеј камџијата...
Македонец умире за народ!
„ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,
КРФТА МОЈА НЕК' СКАПО СЕ ПЛАТИ!“
Малчете, малчете,
потифко зборвете,
Цветан Димов умире во маки...
(Извор: Коста Солев Рацин, „Поезија“, „Наша книга“, Скопје, 1987, 203 стр.)