Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Ој Вичо, Вичо - планина
(makedonska narodna pesma)
Ој Вичо, Вичо - планина,
ој Подздиската долина!
Таму е Гочева бригада,
македонска војска млада.
Хеј, хеј, момци Македонци,
сите се одбрани борци!
Хеј, хеј, во града Лерина
влезе Гочева дружина.
Хеј, хеј, во Костура града
влезе Гочева бригада.
Слобода ќе добиеме,
зашто славно се биеме.
Хеј, хеј, момци Македонци,
cитe ce одбрани борци!
(Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од Егејска Македонија.)