Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Маре, мори Маре, зашто бело белиш
(makedonska narodna pesma)
Маре, мори Маре, зашто бело белиш,
зашто бело белиш кога црно носиш?
Дали мајка жалиш или татко плачиш
или си го жалиш твојто прво либе?
„Нито мајка жалам нито татко плачам,
туку си го жалам мојто прво либе.
Мојто прво либе партизан отиде
три години време низ Македонија.
Нито писмо прака, нито сам се враќа,
само ми го прати својто бело коњче.
Ha коњчето седло, под седлото писмо,
во писмото пише: „Омажи се, Маре,
омажи се, Маре, и јас се оженив,
и јас се оженив за црната земја,
за црната земја, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.“
(Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.)
II verzija (Маре мори Маре)
Маре мори Маре
а што бело переш!
А што бело переш,
а што црно носиш!
Дали мајка жалиш
или стари татко?
Или си го жалиш
твојто прво либе?
Ниту мајка жалам
ниту стари татко.
Туку си го жалам
мојто прво либе.
Војник ми отиде
време три години.
Коњот му се врати,
а него го нема.
Омажи се Маре,
Мене не ме чекај.
Јас се оженив
За црната земја.