Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Кажи Анѓо каде ти е момче
(makedonska narodna pesma)
„Кажи, Анѓо мори, кажи, душо,
каде ти е твојто момче?"
„Мојто момче, Џемо море, не е дома,
мојто момче на туѓина,
на туѓина, на печалба."
„Не ме лажи, Анѓо, не мe мами,
само Џемо не се лажи.
Јас го видов твојто момче,
на средсело кај чешмата,
кај чешмата сo дружина,
сo дружина партизани.
Тој им беше, Анѓо мори, командирот,
говор држи бунт да прават."
(Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.)