Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Ацо Шопов - Карпош
Безумен Козјак истрпнал снага,
бујна му Китка смрштила чело,
в рамнини пиштат ветрои ледни
и грч го грчи Биљача село.
Бесните вие планински бури,
плачите мртви рамнини бели,
извивај клетви народ поробен –
денес се јунак од тебе дели!
Кој не го знае Карпош војвода,
кој не е слушал песни за него –
бучна му Пчиња приказни шуми,
бунтовник – Козјак спомени чува!
Арслан му сковал карпена снага,
и ножој сторил от раци голи,
орел му горски изострил очи,
народ го прибрал в своите поли.
Пламен е Карпош – век го не држи,
дружина води – врагој решети,
по гори, поља – на сите страни,
бој крвав бие и народ свети!
Кој не го знае Карпош војвода,
кој не е слушал песни за него –
бучна му Пчиња приказни шуми
бунтовник Козјак спомени чува!
(Ацо Шопов, Песни, 1944)