Dokumenti i knjige o drugom svetskom ratu na teritoriji Jugoslavije i povezanim zbivanjima
◀ Poezija NOB
Голем мерак имам мамо
(narodna pesma iz Makedonije)
Голем мерак имам мамо,
партизан да одам,
партизан да одам мамо,
на Вичо планина.
Тамо ќе си најдам, мамо,
мојте верни браќа,
мојте верни браќа мамо,
мојте верни сестри.
Јаска ќе се борам мамо,
за Македонија,
за Македонија, мамо,
земја измачена,
земја измачена мамо,
од клети фашисти.
Прва пушка пукна мамо,
мене ме погоди,
мене ме погоди мамо,
на левата страна,
на левата страна мамо,
близу до срцето.